Шуто Оризари

Од следната недела амбулантата во Шуто Оризари ќе добие гинеколог

Шуто Оризари ќе добие гинеколог

Во амбулантата во Шуто Оризари од следната недела ќе почне да работи доктор-гинеколог, соопштија од Министерството за здравство.


Со ова, посочуваат од Министерството, се обезбедува континуирана гинеколошка здравствена заштита за жените од оваа општина. 


Од министерството за здравство истакнуваат дека во општината изминатите години немало гинеколог.


Во амбулантата ќе работи д-р Вјолце Мбиара, специјалист гинеколог со долгогодишно работно искуство, која има работено и во американска болница во Албанија.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.