Нова улица за жителите на Петровец (ВИДЕО)

Во населено место Петровец, градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски изврши увид во градежните работи на кракот на улицата бр. 1, каде што се поставуваат павер елементи (бекатон плочки).

Улицата на која се поставуваат павер елементите е во должина од 300 метри.

Покрај градоначалникот Митевски на настанот присуствуваа и претседателот на Советот на Општина Петровец, Баже Никчевски, директорот на ЈКП Петровец, Андрејчо Гроздановски, советничката Јагода Ивановска, како и други жители од ова населено место.

Средствата за овој проект се обезбедени од буџетот на Општина Петровец и се во висина од 1.450.000 денари.

Во периодот што следува ќе продолжат градежните активности и на други локации на територијата на општината се додека временските услови го дозволуваат тоа, информираат од Општина Петровец.

 




© Скопски портал. Сите права се заштитени.