Општина Петровец гради нова улица во с. Долно Коњари (ВИДЕО)

Општина Петровец започна со изградба на нова улица во с. Долно Коњари која води од излезот на селото до селските гробишта.

Улицата е долга 300 метри, а инвестицијата чини 1 200 000 денари кои се целосно обезбедени од буџетот на Општина Петровец.

 

Општина Петровец ја гради оваа улица на барање на жителите на с. Долно Коњари.

 




© Скопски портал. Сите права се заштитени.