Општина Петровец започна со реконструкција на две улици во с. Р‘жаничино (ВИДЕО)

Општина Петровец започна со целосна реконструкција на две улици, ул. 5 и ул. 2, во с. Р’жаничино.

Улицата бр. 5 е во должина од 330 м. и ширина од 3,5 м. а улица бр. 2 е во должина од 800м. и ширина од 3,5 м.

 

Финансиските средства се обезбедени од буџетот на Општина Петровец во висина од 6 000 000 денари.

 

Реконструкцијата на ул. 5 се очекува да заврши за 10-тина дена и веднаш потоа да се продолжи со реконструкција на ул. 2.

 




© Скопски портал. Сите права се заштитени.