
Општина Петровец гради пензионерско катче во н.м. Катланово (ВИДЕО)
- Детали
- Категорија: Петровец
- Создадено: 25 Март 2021

По барање на пензионерите од н.м. Катланово, Општина Петровец започна со градба на ново пензионерско катче.
Објектот се реализира со средства од буџетот на Општина Петровец и ќе биде готов за еден месец.
Ова катче ќе биде и целосно опремено со инвентар за потребите на пензионерите.
Општина Петровец исто така обезбеди и опремување со спортски реквизити на новата спортска сала во н.м. Катланово.
