НОВА ФАБРИКА ВО ИНДУСТРИСКАТА ЗОНА ДОЛНО КОЊАРИ ВО ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ (ВИДЕО)

Денеска во Општина Петровец во индустриската зона Долно Коњари се отвори фабриката за производство на машини, Интелмех. Фабриката е македонско-холандска корпорација со иновативен пристап во работењето.

 

Директорот на Интелмех, Нерман Куч изјави дека машините, кои тие ги произведуваат веќе се испорачани во повеќе земји во различни делови на светот. Во моментов се вработени 15 лица, но во скоро време планирани се уште толку. Тој додаде дека пресудно за инвестицијата биле поволните услови кои ги добиле во индустриска зона Долно Коњари од страна на општината.

 

Градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски се заблагодари на г-динот Нерман Куч за довербата во капацитетот на општината и додаде дека оваа зона сега е побогата за уште еден инвеститор. Иако во минатото имало скептици дали зоната Долно Коњари воопшто ќе се развива, сепак од 18, 16 парцели веќе се продадени и сите инвеститори имаат одобрение за градење, истакна Митевски.

 

Инаку економската зона Чојлија во истата општина веќе е распродадена, а во Ржаничино останата е само уште една парцела.

.be

 

 




© Скопски портал. Сите права се заштитени.