Градинката Мимоза од Кисела Вода со хуманитарна акција

По повод „Детската недела“, под мотото „Ние сме мали хуманитарци со големо срце“, градинката „Мимоза“, која е во надлежност на ЈДГ „Весели цветови“ од Кисела Вода, спроведе голема хуманитарна акција.

Родителите на дечињата и вработените, на докажаната хуманитарна организација на скопската православна епархија при МПЦ „Свети Спас“ и донираа прехранбени производи.

Општина Кисела Вода ги поздравува добрите дела и им благодари на вклучените во акцијата. Хуманитарната акција се спроведе и со поддршка од општината.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.