Во населбата Припор асфалтирани две улички

Општина Кисела Вода во населбата Припор ги асфалтираше двете најоштетени улички, информираат од општината.

 

На улицата „Христо Татaрчев“, на крак 24 за првпат поставен е нов асфалт. Додека на истата улица, извршено е асфалтирање и на кракот 254.

 

Општина Кисела Вода и во иднина ќе продолжи да овозможува подобри услови за живеење на својата територија, додаваат оттаму.

 

 




© Скопски портал. Сите права се заштитени.