Новогодишен настан во Кисела Вода: „Распеана волшебна елка“.

Во преполна сала во Кисела Вода се одржа новогодишен настан насловен: „Распеана волшебна елка“.

 

 

Публиката околу два часа имаше можност да ужива во прекрасните музички и драмски настапи на учениците од Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, Посебното основно училиште „Златан Сремец“ и ООУ „Невена Георгиева - Дуња“. Музички настап со своите ученици имаше и македонската фолк ѕвезда, Боби Спасенцовски.

 

Новогодишната манифестацијата со бројните гости ја проследија градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ.

 

Во салата на Советот на Општина Кисела Вода се одржа новогодишен настан. Дечињата кои поголемиот дел од денот го поминуваат во објектите „Пепрутка 1 и 2“ на ЈДГ „8 Март“ заедно со своите воспитувачки и негувателки пред присутните ги покажаа своите музичко-ритмички и драмски способности.

 

На крајот на настанот на децата на вработените во Општина Кисела Вода им беа поделени новогодишни пакетчиња.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.