Автоматски систем за наводнување на зеленилото во паркот „Шопен“

Општина Кисела Вода постави нов автоматски систем за наводнување на зеленилото во паркот „Шопен“, информираат од општината.

 

Со работните активности беше извршена целосна замена на дотраените прскалки, црева и цевки. Покрај ова, на дел од паркот заседена е и нова трева.

 

Локалната самоуправа како што додаваат следната година ќе продолжи со доуредување на паркот.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.