Ракометни натпревари во Кисела Вода

Љубителите на ракометот утре во Кисела Вода, во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ ќе имаат можност бесплатно да проследат три ракометни натпревари.

 

На првиот натпревар, со почеток во 11:30 часот ќе играат младите пионерки на РК „КЛ7“ и РК „Драчево“. По овој натпревар, во рамки на првата ракометна лига ќе следува големо дерби. Од 13:35 часот силите на теренот ќе ги одмерат сениорите на непоразените екипи во лигата, РК „КЛ7“ од Кисела Вода и РК „Аеродром“. Ракометарите на „КЛ7“ за прв пат ќе се натпреваруваат на домашен терен. По дербито, од 15:30 часот ќе играат пионерите на „КЛ7“ и РК „Рисови“.

 

Покрај ова, информираме дека денеска е последниот ден за аплицирање за доделување на материјална поддршка на спортски субјекти. Од почетокот на мандатот на градоначалникот Филип Темелковски, Општина Кисела Вода со цел да привлече повеќе млади на спортските терени, а и да го подобри работењето на спортските клубови/здруженија доделува материјална помош.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.