Утре без вода улици во Карпош

Од ЈП Водовод и Канализација информираат дека утре, 03.09.2021 година, ќе има прекин во водоснабдувањето и тоа:

 

Поради изведување на водоводен приклучок на цевка од фи 80 мм на ул. Букурешка бр. 129, на ден 03.09.2021 година (петок) во време од 09.00 часот па се до завршување на работите, со прекинато водоснабдување ке бидат корисниците од ул. Букурешка и дел од ул. Париска во Општина Карпош.

 

Поради изведување на водоводен приклучок на цевка од фи 80 мм на ул. Џумајска бр. 2, исто така на ден 03.09.2021 година (петок) во време од 09.00 часот па се до завршување на работите со прекинато водоснабдување ке бидат корисниците од парните броеви од ул. Џумајска и тоа од бр. 2 до бр. 30 во Општина Карпош.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.