
Утре без вода дел од Карпош
- Детали
- Категорија: Карпош
- Создадено: 24 Февруари 2021

Од ЈП Водовод и Канализација информираат дека утре, 25.02.2021 година, поради дефект на приклучна цевка од Ф – 1 цол на ул. Дрезденска бр. 26,
во периодот од 10.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Дрезденска, Њуделхиска, Наум Евро, Панче Пешев, Бахар Моис, Римска и Атинска, како и дел од корисниците од ул. Анкарска во Општина Карпош.
