Украдени капаци од шахти во Карпош

Во текот на минатата ноќ на булеварите Илинден и 8 Септември и на улица Карпошево Востание украдени се капаци од шахти и решетки од сливници.

ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје информира дека во најбрз можен рок тие ќе бидат заменети.

Случајот е документиран и пријавен во Полициската станица Карпош.

„Воедно, сакаме да упатиме апел до јавноста и граѓаните да не се крадат капаци и решетки од улиците бидејќи на тој начин се загрозува безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот“, велат од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.