Реконструирано детското игралиште во Жданец

Општина Карпош заврши со целосната реконструкција на детското игралиште во Жданец. Заменети се старите реквизити со нови, со што се подобрија условите за  рекреација на најмладите од овој дел на Карпош.

 

Во изминатиот период, локалната самоуправа го реконструираше и игралиштето во Карпош 4, на улицата „Никола Парапунов“. Општината етапно ги санира сите детски зони, а оваа година се фокусираме и на замена на постоечките подлоги со гумирани.

 

Ги повикуваме сите граѓани на одговорно користење на детските и спортските игралишта и чување на поставената урбана опрема, информираат од општината.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.