Да се празнува безбедно, без петарди и групирања апелира Општина Карпош

Општина Карпош испраќа апел до сите граѓани, да не користат петарди и пиротехнички средства, кои претставуваат опасност за здравјето, за домашните и уличните животни, како и за животната средина.

 

Користењето на петарди и други пиротехнички средства е казниво од 200 до 500 евра согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Законот за заштита од експлозивни материи и Кривичниот законик.

 

Деновиве, локалната самоуправа се координираше со Полициската станица – Карпош, со цел, да има почести полициски патроли во населбите од каде што пристигнуваат повеќе пријави од граѓани за користење на петарди.

 

Ги информираме жителите, дека на телефонскиот број 192 можат да пријават употреба на пиротехнички средства.

 

Безбедноста на граѓаните е најважна. Живееме и во ек на светска пандемија, каде што Новогодишните и Божиќните празници мора да ги прославиме без групирања и големи собири.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.