В понеделник без вода неколку објекти во Карпош

Од ЈП Водовод и канализација информираат дека в понеделник, 07.12.2020 без вода ќе останат неколку објекти во Општина Карпош.

Во соопштението се вели дека поради реконструкција на водоводна мрежа од Ф 80 мм на Бул. Партизански одреди,  без водоснабдување од 08:30 часот до завршување на дефектот  ќе останат корисниците од околните објекти:  ТЦ Алумина, зградата на Базаро и кулата на Горење. 




© Скопски портал. Сите права се заштитени.