Почна есенската дератизација во Карпош

Општина Карпош ја почна редовната, есенска дератизација и дезинсекција на целата своја територија, информираат од општината.

Овластената фирма која ја ангажираше локалната самоуправа треба да помине околу 5.000 шахти во кои ќе фрли средства за уништување на штетните глодари и инсекти во сите населби на Општината.

Дератизацијата и дезинсекцијата во Карпош ќе се одвива сукцесивно во следните четири до пет недели.

 




© Скопски портал. Сите права се заштитени.