
Исчистена депонијата во Момин Поток во Карпош
- Детали
- Категорија: Карпош
- Создадено: 03 Октомври 2020

Комуналните служби на Општина Карпош исчистија уште една дива депонија, во Момин Поток, во должина на главната сообраќајница кај индустриската зона, информираат од општината.
Исчистен бил поголем кабаст отпад и шут, кој претставуваше закана за животната средина во периферниот дел од општината, а отпадот соодветно бил одложен во депонијата Дрисла.
На овој потег, локалната самоуправа ги интензивира и инспекциските контроли, за да не се повтори оваа слика, додаваат оттаму.
