Најавен прекин во водоснабдувањето во Карпош

Од ЈП Водовод и канализација информираат дека в понеделник, на 05.10.2020г, поради поврзување на нова линија на ул. Варшавска б.б, прекинато водоснабдување во време од 09:00ч. до завршување на работата, ќе имаат корисниците од следните улици:

Варшавска, Ташкентска, Мексичка, Хаванска, Хелсинки и згр.105 на Бул. Партизански Одреди во Општина Карпош.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.