Реконструкција на ОУ во Карпош во текот на летото

Општина Карпош во текот на летниот распуст спроведува реконструкции и санации во сите десет основни училишта во општината.

 

– Во тек е реконструкција на две училници во основното училиште „Владо Тасевски“ во Козле. Притоа се менува стариот и оштетен под во просториите кои повеќе години беа во лоша состојба, соопштија од Општина Карпош.

 

Од Општината посочија дека и покрај тоа што е неизвесен начинот на кој ќе започне новата учебна година, се работи на севкупно подобрување на условите за престој и едукација на основците.

 

– Изминатиот период, во повеќе наврати, се дезинфицираа основните училишта со цел да се обезбеди заштита на вработените кои спроведуваат ротациони дежурства, информираат од општината.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.