Обновено игралиште и урбана опрема во Карпош 3 и кај Фонтана

Гумирана подлога, за поголема безбедност на децата и целосно нови реквизити се поставија на детското игралиште во Карпош 3, на платото кај фонтана, информираат од општината.

 

Во околниот простор, исто така се санираа и дел од клупите за седење. Станува збор за зона, јавен простор, којшто често пати се користи од жителите на Карпош 3Тука се социјализираат и дружат помладите сограѓани, но и повозрасните, со што се постигнува меѓугенерациски соживот.

 

Локалната самоуправа, овој период сериозно го користи за подобрување на состојбата на сите детски игралишта, платоа и маалски паркови. Се работи етапно, заради големиот број на вакви зони за рекреација.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.