Со нови прозорци за „МАЈСКИ ЦВЕТ“ - пониски сметки за струја

Завршени се работите околу целосна замена на прозорците на детската градинка „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1.

 

На овој начин се подобри енергетската ефикасност на објектот, а со тоа се намалуваат и трошоците за потрошувачка на електрична енергија, информираат од општината.

 

Во градинката „Мајски цвет“ веќе извесен период се работи и на други реконструкции, имајќи предвид дека овој објект долги години беше во руинирана состојба.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.