Креативни столпчиња за поголема безбедност пред училиштата во Карпош

Општина Карпош постави заштитни столпчиња пред неколку основни училишта во Карпош, со цел, дополнително да ја зголеми безбедноста за учениците пред воспитно – образовните установи.

 

Ваков тип на сигнализација беше поставена пред училиштата „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4 (од влезот на ул. „Разловечко востание“ и од пристапот на ул. „Трифун Бузев“), пред ООУ „Владо Тасевски“ во Козле (на ул. „Јуриј Гагарин“), како и пред ООУ „Војдан Чернодрински“ во населбата Владо Тасевски (на ул. „Дрезденска“).

 

Столпчиња треба да ги предупредат учесниците во сообраќајот, да ја намалат брзината на движење и да обрнат поголемо внимание кога се движат во близина на училишта.

 

 




© Скопски портал. Сите права се заштитени.