Се реконструираат тоалетите во градинката Мајски цвет во Тафталиџе 1

Во градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе во тек се активности за опремување на тоалетите, со нова хигиенско – санитарна опрема (тоалетни школки, чешми и мијалници), а се поставуваат и нови плочки по ѕидовите.

 

Општината, со средства од буџетот за 2020, пред еден месец ја започна етапната реконструкција на „Мајски цвет“, кога, заради енергетска ефикасност беа заменети прозорците на објектот.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.