Крводарителна акција во Општина Карпош

Општинската администрација на Карпош донираше 40 единици крв за потребите на Инситутот за трансфузиона медицина. 

 

Оваа хумана акција се спроведе во соработка со Црвен крст – Карпош, а се приклучија и градоначалникот Стефан Богоев, други членови на администрацијата и доброволни дарители.

 

Секој крводарител носеше заштитна маска, се одржуваше дистанца, а во рамки на еден час можеа да донираат крв максимум пет лица, информираат од општината.

 

 




© Скопски портал. Сите права се заштитени.