Нов систем за наводнување на зеленилото во Карпош

За поквалитетно и целосно одржување на зелените површини, Општина Карпош започна со поставување на системи за наводнување на зеленилото и тревните површини на повеќе локации, информираат од општината. 

 

На овој начин значително ќе се подигне квалитетот на зеленилото и ќе се спречи негово сушење, особено во летниот период.

 

Локалната самоуправа продолжува да работи на подигнување на нови зелени површини и одржување на постоечките. Овие зелени маалски паркчиња се значајни за рекреација на граѓаните и за развивање на маалскиот соживот.

 

 




© Скопски портал. Сите права се заштитени.