Се обележува хоризонтална сигнализација во Карпош

Во урбаната заедница Карпош 1, денеска започна обележувањето на пешачките и велосипедски делови долж улиците „Орце Николов“ и „Никола Тесла“, информираат од општината.

 

Општината презема вакви инфраструктурни интервенции првенствено поради фактот што хоризонталната сигнализација придонесува за  регулација и зголемена безбедност во  секојдневниот сообраќај.

 

Овие активности ќе продолжат и во претстојниот период и по други населби во Карпош.

 




© Скопски портал. Сите права се заштитени.