Започна санација на детските игралишта во Карпош

Општина Карпош започна со санација на повеќе детски игралишта, информираат од општината.

 

Службите вршат поправка и санација на оштетените реквизити, клацкалки и лулашки, како и на заштитните огради.

 

Локалната самоуправа работи и на целосно нови паркови за деца. Веќе е достапно игралиштето за Тафталиџе 2 и Нерези, кај „Рафаело“. Во тек е и постапката за изведба на детска зона во Карпош 1, на ул. „Иван Аговски“ (меѓу зградите 8 и 10). Исто така, нови детски игралиште ќе се направат и во Злокуќани и Карпош 3.

 

Од општината ги повикуваат граѓаните на правилно и одговорно користење на овие игралишта, како и на урбаната опрема која е поставена во нивната околина.

 

 




© Скопски портал. Сите права се заштитени.