Ќе се гради нов парк во Карпош 4

Град Скопје во соработка со Општина Карпош ќе реализира проект за изведба на  нов парк во населбата Карпош 4, кој ќе се простира долж бул. „Илинден“ на површина од 60.000 м2.

 

Паркот ќе биде лоциран врз јавниот простор, кој повеќе децении делува запуштено и претставува потенцијално место за создавање на диви депонии и палење на огнови на отворено. Истиот ќе се надоврзе на Спортско – адреналинскиот дел, на кој локалната самоуправа работи интензивно неколку месеци.

 

Во планирање на јавниот простор е вклучена и јавноста, со фактот што во тек е Конкурсот за избор на идејно решение на паркот, кој го распиша Град Скопје и истиот трае до 16. март 2020 година (линк: https://bit.ly/2SimNJS ).

 

 




© Скопски портал. Сите права се заштитени.