Чествување на народниот херој Питу Гули: Од слобода кон прогрес

Пред спомен обележјето во Козле, денеска се одбележаа 76 години од загинувањето на народниот херој Кузман Јосифовски – Питу.

 

Во присуство на претставници од Сојузот на борци, здруженија на пензионери, политички партии и граѓански организации, се чествуваше овој ден кој не потсетува на периодот на Народноослободителната борба (НОБ) како еден од најсветлите периоди од нашата историја.

Главен покровител на настанот е Општина Карпош, а пред присутните се обрати и градоначалникот Стефан Богоев.

 

Младите учат и го почитуваат ликот и делото на народниот херој. Потврда за ова беа литературните читања од учениците од реонското училиште „Владо Тасевски“. Тие преку кратки стихотворби и раскази не потсетија на вредностите за кои се залагал народниот херојборбеност, слобода, и правда.

 

Во знак на сеќавање на денешниот ден, делегации од сите институции и организации, положија свежо цвеќе пред спомен обележјето на Кузман Јосифовски – Питу.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.