Зимската служба на Карпош во акција

Зимските служби на Општина Карпош интензивно ги расчистуваат од снег и мраз улиците во Жданец, Трнодол и Бардовци Притоа се распрскува сол, со цел да се стопи мразот и да се овозможат побезбедни улици за движење.

 

Механизацијата ова утро главно работеше на повисоките места, каде што постои поголема опасност за движење на граѓаните и нивните возила.

 

Во текот на вчерашниот ден, на дел од улиците беше истурена и посебна течност, која го заштитува коловозот од замрзнување.

 

Локалната самоуправа продолжува да ги следи временските услови и навремено да реагира при други снежни врнежи.

 

 

 

 




© Скопски портал. Сите права се заштитени.