Спотрски дух и заложба за негување на делото на Тоше Проески

Заврши 11 – то издание на Меморијалниот турнир во спомен на Тоше Проески, каде што главен покровител е Општина Карпош, а се организира во соработка со Здружението на стопанственици Власи „Мандра“.

 

 

Во салата „Форца“ се одиграа финалните натпревари. Првото место го освои екипата на општина Чаир, второпласиран е тимот на Корча (Албанија), а третото место и припадна на Нова Градишка (Хрватска).

 

На доделувањето на наградите, свои обраќања имаа и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, градоначалникот на Нова Градишка, Винко Гргиќ и градоначалникот на Крушево, Томе Христоски.

Сите посочија дека се покажува дека Тоше се уште прави мостови на соработка помеѓу различни држави и култури.

 

Градоначалниците изразија подготвеност за унапредување на организацијата на турнирот. Во согласност со можностите, се даде предлог овој спортски настан да трае повеќе дена или пак да учествуваат повеќе тимови.

 

Во текот на трите денови се свиреа песни од нашата музичка легенда, се зборуваше за неговата кариера и се читаа пораки кои беа упатени од негова страна до сите нас, сите со една цел – да бидеме подобри луѓе.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.