Поради технички зафати, без струја делови од Скопје

Од „ЕВН Македонија“ АД известуваат дека денеска, поради технички зафати, делови од Скопје ќе бидат без електрична енергија.

- во периодот од 9.30 до 10.30 часот домаќинствата на потегот од гробиштата во Бутел кон улиците Гвадалахара, Јуриј Розентал, Плачковица (општина Шуто Оризари);

- во периодот од 7.55 до 15.30 часот корисниците од Визбегово: улицата Стар Качанички пат (Хасан Приштина) од бензиската „Макпетрол“ до „Еуромак Азија“, дел од индустриската зона „Визбегово“, улицата 2 во Визбегово, во реонот кај потрошувачите „Стеком“, „Алпос“, „Дамекс“, „Суниленс“, „Елит софа“ - салон за мебел, „Јавордрво Скупи“, „Камел солар“, „Аликас“, ТВ „Алфа“, „Фитофарм“, „БКС компани“, „Лето фодс“, „Копенс интернационал“, „Мега ауто партс“, „Еуролек“, „Еурограндс“, „Артинг“ и др. (општина Бутел);

- во периодот од 9.15 до 12.30 часот корисниците од Орешани: дел од објектите во потегот помеѓу Орешани и Зелениково (општина Зелениково);

- во периодот од 11 до 12.30 часот корисниците од Скопје - Кисела Вода: дел од улицата Франк Харткорт Манинг, дел од улицата Ѓорѓи Димитров, зграда и објекти околу „Тинекс“, улицата 14 Декември бр. 1 и 3, ОУ „Круме Кепески“. (општина Кисела Вода);

- во пероидот од 11 до 12 часот корисниците на дел од с. Горно Нерези (општина Карпош).




© Скопски портал. Сите права се заштитени.