В понеделник автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред

Од ЈСП Скопје информираат дека в понеделник (11.10.2021 година), поради државниот празник 11 Октомври - Ден на народното востание, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Дежурни ќе бидат три билетарници, односно од 7 до 19.30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и Зелено пазарче, а отворена од 7 до 13 часот ќе биде билетарницата во Ѓорче Петров.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.