Утре без струја и вода повеќе делови на Скопје

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека:

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат следните корисници: на ден 29.09.2021 година (среда):


од 07:45 до 15:30 часот, корисниците од ул. Палмиро Таљати, ул. Маџари и Маџари 3 (Општина Гази Баба )

од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од с. Шишево. (Општина Сарај )


Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги известува граѓаните дека на ден 29.09.2021 година (среда), поради водоводен приклучок Ф-1“ на ул. Борка Талевски 71 во Општина Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците Борка Талевски и Атинска. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до изведување на водоводниот приклучок.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.