Дел од булеварот Крсте Мисирков кај судовите затворен за сообраќај

Градот Скопје известува дека од вечер од 22 часот до утре до 5 часот наутро поради изведба на градежни работи на булеварот Крсте Мисирков, комплетно затворен за сообраќај ќе биде потегот од пешачкиот премин кај судовите/Адвокатска улица до крстосницата со булеварот Гоце Делчев, односно коловозните ленти од страната на судовите.

Сообраќајот ќе се пренасочува кон улицата Кеј 13 Ноември (кај МКЦ) и по сервисните улици кај судовите.

Град Скопје апелира сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.