Пожарот кај Сарај тешко се гаси поради корењата на дрвјата

Пожарот што повеќе дена гори во општина Сарај е специфичен пожар, затоа што откако ќе биде изгаснат површински, продолжува да горат корењата на дрвјата подземно и повторно доаѓа до активирање на пожарот, велат од Центарот за управување со кризи.

Од тие причини во текот на вчерашниот ден 10 припадници на полициската специјална едниница, придружени со француските инструктори, се спуштија од врвот на планината кон подножјето, при што рачно беа изгасени сите оние жешки точки коишто беа видливи, но пожарот во текот на ноќта повторно се активира.

Од ЦУК информираат дека за утре е договорено на терен да излезат 30 припадници на специјалната полициска единица заедно со француските експерти коишто работат со специјални дронови за пожари со термални камери кои можат да го откријат огнот кој е под земја.

Од утрово во гасењето на овој пожар дејствуваат два хеликоптера.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.