Не се примени нови пациенти во ковид-болниците во Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје нема хоспитализирани нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 58 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми.

Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ исто така немало примени пациенти, ниту, пак, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 8 оздравени пациенти.

Во ковид-центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 8 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 18 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 32 пациенти.

Вкупно 58 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 87 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.