Нови 34 пациенти за 24 часа хоспитализирани во ковид центрите во Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 34 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 587 лица сомнителни и потврдени на Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, голем дел од пациентите се на кислородна поддршка, информира министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 16 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 9 примени пациенти а 5 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен еден нов пциент, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина е примен еден пациент.

Според информации од министерството, во изминатите 24 часа дома биле пуштени 37 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 236 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 123 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 144 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациенти. На Клиниката за детски болести има 7 деца позитивни на Ковид-19 вирусот и 4 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 38 болен.

Надлежните велат дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 150 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, известува МЗ.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.