Сончево време со температура до 20 степени

Во Скопје, времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Од Управата информираат дека во наредните денови следи период на потопло време, а значително затоплување се очекува од средината на следната седмица.

Во почетокот на наредната седмица ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.