52 нови пациенти во ковид-центрите во Скопје за 24 часа

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 52 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, соопшти Министерството за здравство.

Според информации од таму, вкупно 639 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град, додаваат дека голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 21 прием.

Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 10 примени пациенти, а 10 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле билe примени 4 нови пациенти, а исто толку биле примени на Клиниката за детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 3 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома биле пуштени 57 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид-центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 263 пациенти, известува МЗ.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 132 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 146 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 49 пациенти. На Клиниката за детски болести има 7 деца позитивни на Ковид-19 вирусот и исто толку мајки, а на ГАК има 2 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 49 болни.

Од ресорното министерство велат дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 113 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Информираат дека сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.