Во Скопје хоспитализирани уште 48 пациенти со компликации од коронавирус

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 48 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 702 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните и хируршки клиники имало 30 приеми.

Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 8 примени пациенти и 1 бил примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен исто така еден нов болен, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 6 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 28 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид-центрите на интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 294 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 141 болен, а на Клиниката за инфективни болести лежат 146 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациенти. На Клиниката за детски болести има 12 деца позитивни на Ковид-19 вирусот, а на ГАК има 2 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 65 болни.

Вкупно 702 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 95 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.