
Утре без струја село Варвара и улици од Ѓорче
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 04 Април 2021

Од ЕВН Македонија информираат дека утре, 05.04.2021 година, поради технички зафати во електроенергетскиот систем на Град Скопје, без струја ќе останат:
Во периодот од 09:00-14:00 часот, корисниците на дел од с. Варвара во Општина Сопиште.
Прекините во Општина Ѓорче Петров ќе бидат во период од 09:00-13:00 часот, и тоа кај корисниците од улиците: Пекљане 1, 3 и 5, со броевите од 10-30, како и објектите во околината на воениот отпад, ул. Лука Геров со броевите од 60-90.
