Театарот за деца и младинци го прославува 31-от роденден

Театарот за деца и младинци денеска го прославува 31-от роденден. Поради пандемиските услови, истиот скромно се одбележува со низа пораки и честитки поделени на социјалните мрежи од страна на нашите колеги актери, информираат од театарот.

 

Театарот за деца и младинци во изминатите три децении се докажа како најважна културна институција во нашата земја. Тој е местото каде што најмладите ја остваруваат првата средба со културата и уметноста. Изминатата година и покрај пандемијата, театарот од октомври до денес, во континуитет реализира репертоарни активности.

 

И годинава во план за реализација на дури четири нови театарски претстави. Двајца од вработените режисери, Драгана Милошевски Попов и Игор Ивковиќ ќе реализираат две нови претстави во циклусот насловен ,,Нови соништа”. Во план е реализација на првата куклена претстава за возрасни, авторски проект на Драган Довлев кој се јавува во улога на режисер. Годинава ќе се постават уште две нови претстави за деца: ,,Во детската соба”,  невербално фамилијарно шоу во режија на Милена Миланова од Софија, Бугарија и претставата ,,Палешка во режија на гостин од Црна Гора. 




© Скопски портал. Сите права се заштитени.