Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа примени нови 10 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 10 нови пациенти поради компликации од коронавирусот.

Вкупно 248 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие на интерните клиники имало еден прием.

Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 5 нови приеми на пациенти и 4 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 7 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 21 пациент, на Клиниката за неврологија 12 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 25 пациенти со симтоми на коронавирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 76 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 88 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 25 пациенти и на ГАК една хоспитализирана ковид позитивна пациентка.

Вкупно 248 пациенти потврдени и сомнителени за Ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 100 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.