Утре и в четврток без струја и вода повеќе улици во Скопје

Заради  технички зафати во дистрибутивната електро мрежа,  без електрична енергија утре и в четврток ќе останат следните корисници:

на ден 27.01.2021 година (среда)

од 08:00 до 10:00 часот, бул. Партизански одреди згр. бр. 149 (Порта Влае).  (Општина  Карпош)

од 10:00 до 13:30 часот, дел од с. Кондово. (Општина Сарај)

 

на ден 28.01.2021 година ( четврток )

од 09:00 до 12:00 часот, дел од ул. Антон Панов (од бр. 53 до бр. 59). (Општина Гази Баба)

од 09:00 до 12:30 часот, дел од с. Арачиново (во околината на горната џамија). (Општина Арачиново)

од 10:00 до 13:30 часот, ул. Елисие Поповски Марко од бр. 1 до бр. 29, ул. Шарски Одреди од бр. 1 до бр. 7, ул. Козара од бр. 11 до бр. 26 и ул. Мајка Тереза од бр. 12 до бр.20. (Општина Центар)

 

Од Водовод и канализација пак информираат дека поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од  ф-80 мм на ул. Стив Наумов крстосница со ул. Јосиф Јосифовски - Свештарот, утре од 08:00 часот до завршување со активностите,  прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од  од улиците: Стив Наумов, Тетовска, Златко Шнајдер како и објектите на  Сообраќајната Полиција и Амбулантата на МВР. (Општина Центар)




© Скопски портал. Сите права се заштитени.