
Утре без вода дел од Стара Чаршија
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 17 Јануари 2021

Од ЈП Водовод и Канализација информираат дека утре, 18.01.2021 година, поради дефект на ПП хидрант ф-80мм на ул. Лазар Танев бб (позади црквата Св.Спас), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од Стара Чаршија во Општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со активностите.
