Предлогот за прогласување на дел од Водно за заштитен предел достапен за коментари

Министерството за животна средина и просторно планирање изработи нацрт  - одлука за прогласување на дел од планината Водно за заштитено подрачје во категорија V - заштитен предел.

„Со оваа одлука дел од планината Водно заради своите геолошки, геоморфолошки и биолошки вредности, како и посебното значење за жителите на Град Скопје, се прогласува за заштитено подрачје во категорија V - заштитен предел, а Градот Скопје е определен да управува со заштитеното подрачје“, соопштија од Министерството.

Предлогот е достапен за увид и коментирање на веб-страницата на МЖСПП www.moepp.gov.mk и на Единствениот национален електронски регистар на прописи на РСМ (ЕНЕР) www.ener.gov.mk , а јавна расправа по предлог актот ќе се одржи на почетокот на февруари.

Мислења, забелешки и сугестии може да се достават на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .




© Скопски портал. Сите права се заштитени.