
Во ковид-центрите во Скопје примени 36 нови пациенти, вкупно се лекуваaт 306 болни
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 14 Јануари 2021

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 36 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а вкупно се лекуваат 306 лица, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 36 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 17 пациенти, на Клиниката за неврологија 20 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 19 пациенти со симтоми на коронавирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 15 пациенти, на Клиниката за очни болести 6 пациенти, а на ОРЛ 16 болни. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 23 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 92 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 76 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 22 пациент.
„Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 122 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка“, велат од МЗ.
